Производство на грозје
Од асталските (stolni) сорти на грозе ГД Тиквеш очекува годишен принос од 2500-3000 тони грозје
Посадочен материјал
Во склопот на ГД Тиквеш работи и репро центарот за производство на здрав посадочен сертифициран лозов материјал.Се произведува лозов калем од сорти и клонови во зависност од побарувачката на пазарот.
Овчарство Овчарството во ГД Тиквеш е со традиција и во континуитет од 1965 па и денеска. ГД-Тиквеш располага со стадо овци од расата винтерберг чија бројка се движи околу 2500 броја.
Овчарство
Ангажираноста на вработените го збогатува целокупното производство и со одгледување на сопствено стадо овци од расата винтерберг чиј број се движи околу 2.500 броја. Овчарството во АД''ГД-ТИКВЕШ'' е со традиција во континуитет од 1965 год. и денес и на оваа гранка и се посветува големо внимание.
АД''ГД-ТИКВЕШ'' јагнешкото месо го пласира претежно на домашниот пазар, додека мал дел се извезува во соседните земји.
Ова акционерско друштво произведува висококвалитетно овчко сирење при чие подготвување е задржан класичниот (природен) начин на производство. Производството е во количина од околу 20.000 кгр. годишно и пласманот главно е на домашниот пазар.
На површините на АД''ГД-ТИКВЕШ'' се застапени и индустриски култури во чиј домен на производство исто така се постигнуваат задоволителни приноси.