Производство на грозје
Од асталските (stolni) сорти на грозjе ГД Тиквеш очекува годишен принос од 2500-3000 тони грозје

Посадочен материјал
Во склопот на ГД Тиквеш работи и репро центарот за производство на здрав посадочен сертифициран лозов материјал.Се произведува лозов калем од сорти и клонови во зависност од побарувачката на пазарот.

Контакт

Комерција +389 (0)43 412 852
Централа +389 (0)43 415 916
Ген. Директор +389 (0)43 412 341 mob +389 70 218 915
Тех. Директор +389 (0)43 415 553 mob +389 70 239 346


За нас...


Природата богато го дарувала тиквешкиот кра ј и предодредила уште пред повеќе од два милениума токму на тоа питомо подрачје од прекрасната македонска земја да почне да се негува виновата лоза.

Во Кавадарци - градот во срцето на Тиквешијата оддалечено дваесетина километри од античкиот град Стоби каде што се влева Црна Река во Вардар се пронајдени неизбришливи сведовштва (монети, анфори) што укажуваат на фактот дека со доаѓањето на Римјаните одгледувањто на виновата лоза таму било во полн ек. Токму поради тоа со право се вели тиквешкото лозарство е врсник на историјата.

Благодарение пред се на извонредно големата традиција во одгледувањето на виновата лоза, мошне поволните почвено-климатски услови и другите природни ресурси пред пет децении е создаден ''ГД-ТИКВЕШ'' целина која до 1998 година функционираше како дел од Агрокомбинатот ТИКВЕШ , а од 1 999 година функционира самостојно како акционерско друштво со цел негување на повеќе вековната традиција и квалитет. Традицијата и квалитетот се чувствуваат уште при првиот поглед на недогледните плантажи под винова лоза на АД''ГД-ТИКВЕШ'' од Кавадарци.

АД''ГД-ТИКВЕШ'' е организиран во шест работни единици и претставува основен белег на пулсирањето на ''градот на лозата'', па и пошироко.

Денес располага со сопствени оделски површини од 1117 ха од кои на околу 800 ха се негува беспрекорниот квалитет на винско и трпезно грозје како и квалитетни праски посадени на околу 30 ха.

 



   
  © 2005 Codex Computers Кавадарци.