Производство на грозје
Од асталските (stolni) сорти на грозjе ГД Тиквеш очекува годишен принос од 2500-3000 тони грозје

Посадочен материјал
Во склопот на ГД Тиквеш работи и репро центарот за производство на здрав посадочен сертифициран лозов материјал.Се произведува лозов калем од сорти и клонови во зависност од побарувачката на пазарот.

Овчарство
Овчарството во ГД Тиквеш е со традиција и во континуитет од 1965 па и денеска. ГД-Тиквеш располага со стадо овци од расата винтерберг чија бројка се движи околу 2500 броја.


Производство на грозје

АД''ГД-ТИКВЕШ'' од година во година навлегува со зголемување на лозовите површини како и пуштање во производство на нови сорти кои дале значаен резултат во повеќегодишното испитување од страна на стручниот тим на ова друштво.
АД''ГД-ТИКВЕШ'' мошне правилно го насочи својот развој покажувајќи голема активност на стручните кадри желни за самодокажување. Квалификационата структура постојано се подобрува што е исто така гаранција дека и во иднина ќе се бележат натпросечни резултати во доменот на лозарството продолжувајќи ја соработката со научни тимови од повеќето научни институции во земјата. На годишно ниво производството на винско грозје изнесува до 7 мил.кгр., а на трпезното до 4 мил.кгр.
Имплементацижата на современи системи како што е системот за наводнување "капка по капка" и стремежот да се произведе квалитет со постојано инвестирање и обнова е исто така дел од она што го прави ова акционерско друштво конкурентно на поширокиот пазар.

Од вкупното производство на винско и трпезно грозје АД''ГД-ТИКВЕШ'' околу половина го насочува на домашниот пазар додека другата половина се извезува на странските пазари.


   
  © 2005 Codex Computers Кавадарци.